Екипата на Колдинг очигледно има проблеми со нападот, а по скромните 17 гола против Металург во осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите, вчера во домашниот плејоф против Олборг постигнаа само 16 погодоци. Проблемите на Данците се предност за Металург пред реваншот во недела, што ќе почне со предност од 6 гола за македонскиот претставник.
Металург го доби првиот меч со 23-17, а со сличен резултат 16-23 вчера Колдинг загуби од Олборг во домашното првенство. Мечот во Данска се игра в недела од 16,45 часот. Ако тимот од Автокоманда постигна 18 или повеќе голови, тогаш ракометарите на Колдинг ќе мора да „бркаат“ 7 гола негатива, поради правилото кое предвидува дека понатаму оди екипата што дала повеќе голови н гости при израмнет вкупен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


