Актуелниот европски првак Хамбург не успеа да го совлада македонскиот шампион Вардар во салата „Борис Трајковски“. Црвено-црните покажаа квалитет, огромно срце и битка и одигра нерешено 28-28. Реванш натпреварот ќе се одигра в недела во 18,45 часот. Она што е голем минус е тоа што Дибиров при дуел со противничкиот играч Хенс заработи повреда откако доби удар во пределот на левото око и нема да може да настапи на реваншниот дуел против Хамбург. Немања Прибак во разговор за Република изјави дека можат повеќе од тоа што го покажаа во Скопје, како и дека Марковиќ ќе се покаже како одлична замена за Дибиров.
Какви се очекувањата за мечот в недела со Хамбург?
– Секогаш сме со позитивни очекувања, ние играме ракомет, тоа е спорт, спортски е да се надеваш дека секој натпревар ќе победиш. Тренираме добро, гледаме каде сме грешеле, го гледаме видеото од минатиот натпревар, се надевам на најдобро.
Има ли можност за сензација?
– Има, зошто да не. Мислам дека Хамбург се покажа во најдобро светло, ние се покажавме, ама ако биде судењето рамноправно, ако играме од прва до последна минута добро, сѐ е можно.
Дали ви пречи тоа што судиите беа наклонети кон Хамбург?
– Го гледавме натпреварот неколку пати. Тоа е европски шампион, секогаш се очекува такво судење кон една таква екипа, таков пример имавме и со Барселона кога игравме и Металург кога играше со нив. Се надеваш, ама знаеш дека судиите нема да ти дадат ниту една топка. Ќе видиме во реваншот, јас сум оптимист и мислам дека во реваншот можеме повеќе.
Дали отсуството на Дибиров ќе се одрази врз играта на Вардар?
– Имаме еден исклучително добар играч, Добривое Марковиќ. Тој минатата година беше еден од најдобрите играчи. Не ги споредувам нив двајца, но сметам дека може да го замени на вистински начин.
Коментар за Хенс?
– Хенс е голем играч, но времето на Паскал Хенс според мене помина пред 5 години кога беше најдобар играч, сега Хамбург прави смена на генерации. Има еден играч со српско потекло, Ѓорѓиќ, кој не играше во Скопје, но е еден од најдобрите играчи во Бундес-лигата, тука е Канелас, Дувњак. Тоа што нема да игра Ханс не значи дека се слаби, исти се.
Разговараше: Владо Оцевски
Видео: Дејан Станчевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


