| четврток, 6 декември 2018 |

Блокирани патишта, запалени автобуси

Пробритански ориентирани демонстранти блокирале над 20 патишта во Белфаст

Стотици пробритански активисти синоќа блокираа патишта во Белфаст и запалија еден двокатен автобус во знак на протест поради одлуката за симнување на британското знаме од зградата на општината во градот. Пробритански ориентирани демонстранти блокирале над 20 патишта во Белфаст. Полицајците биле гаѓани со молотови коктели, камења и тули, а било возвратено со водени топови и гумени куршуми.

Општинскиот совет на 3 декември изгласа британското знаме да се поставува на зградата само во некои денови од годината, а не постојано како досега. Ваквата одлука предизвика бран судири и протести во Северна Ирска.

Северна Ирска е полуавтономна британска провинција, која од 2007 година има заедничка власт од католици и протестанти. Зголеменото насилство, кое трае 30 години, меѓу двете религиозни заедници однесе 3.500 жртви. Протестантите унионисти сакаат Северна Ирска да остане дел од Велика Британија, додека католиците републиканци бараат таа да се обедини со Република Ирска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top