
Тито Петковски и Љубчо Георгиевски застанаа зад кандидатурата на Стево Пендаровски.
Претседателот на НСДП, кој пред неколку дена најави дека нема да се кандидира за нов пратенички мандат отворено застана зад кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски.
Петковски, кој отворено од собраниската говорница бараше менување на уставното име и лицитираше со предлози за името на државата, смета дека Стево Пендаровски е човек којшто дава гаранција дека „меѓународната позиција на Македонија ќе биде на едно многу повисоко ниво“.
Зад Пендаровски застана и екс-премиерот Љубчо Георгиевски, кој во исто време бара и брзо решение за името. Георгиевски е познат во јавноста по изјавите за менување на уставното име, ставот дека треба да се направат отстапки во спорот кој е наметнат од страна на јужниот сосед. Една од највпечатливите изјави во кои Георгиевски е за промена на уставното име беше дадена при неговото гостување во бугарската телевизија БНТ, каде порача дека „Северна Македонија не е ништо страшно“.
Сосема очекувано, кандидатурата на Пендаровски ја поддржа и неговиот ментор и екс-лидер на СДСМ Бранко Црвенковски, кој лани се повлече од функцијата поради силниот притисок по катастрофалниот пораз на локалните избори, но сѐ уште ги влече конците од заднина.
Стево Пендаровски беше човекот што ги легитимираше криминалните претседателски избори во 2004 година кога Бранко Црвенковски ја узурпираше позицијата претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


