
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, се чини е толку импресиониран од својот ментор Бранко Црвенковски, што го стави и во спотот од изборната кампања.
Во видеото со биографијата на Пендаровски, кое беше презентирано и на конвенцијата во Универзална сала, имаше место и за поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Самото тоа што Пендаровски го става Црвенковски во своите промотивни спотови и се промовира со него, покажува колку претседателскиот кандидат на СДСМ му се восхитува на поранешниот лидер на партијата.
Токму Пендаровски беше претседател на ДИК, кој го верификуваше сомнителниот избор на Црвенковски за претседател на Македонија, но и претседател на ДИК во чиешто време се лажираше референдумот за територијална поделба во 2004 година, со што се нанесе штета на националните и државни интереси на Македонија.
Пендаровски повеќе од една деценија добива високи партиски и државни функции и на тие функции е именуван речиси секогаш од Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


