| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајк ги приземји авионите во Германија

страјк

На речиси сите големи германски аеродроми штрајкува теренскиот персонал, носачите на багаж и вработените на одржувањето. Само на аеродромот во Франкфурт во штрајкот учествуваат 1.400 вработени. Германски авиопревозник „Луфтханза“ соопшти дека денеска откажува 600 летови или третина од летовите, поради штрајк на своите вработени што ќе го чини еден милион евра.

Синдикатот Верди го повика персоналот на земја, носачите на багаж и работниците во одржувањето на речиси сите големи германски аеродроми на штрајк во утринската смена.

Синдикатот со штрајкот очекува да го зголеми притисокот на владата пред третиот круг преговори за платите, кој би требало да започне на крајот на овој месец. Синдикатот бара поголеми плати за 3,5 отсто плус дополнителни 100 евра месечно за околу 1,2 милиони работници во јавниот сектор. Германската влада соопшти дека има намера да го прифати растот на платите, но дека барањата се превисоки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top