Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека создадената криза поради Украина треба да се реши со политички средства, без воведување економски санкции кон Русија.
Таа во Берлин истакна дека Западот не достигнал фаза која подразбира воведување економски санкции против Русија.
– Се надевам дека ќе успееме да ги избегнеме санкциите – нагласи Меркел по разговорот со јужнокорејската претседателка Парк Геун Ху, додавајќи дека не е заинтересирана за ескалација, туку напротив за деескалирање на ситуацијата.
Германски експерти велат дека економските санкции против Русија, кои сакаат да ги воведат западните земји поради ситуацијата во Украина и на Крим, би можеле да влијаат негативно врз германската економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.