Исклучете ги светлата на и одбележете го Часот на Планетата Земја (Скопје. 27.03.2014) –
Во пресрет на „Часот на планетата Земја“, светскиот производител за презервативи „дурекс“ покренува нова иницијатива насловена како „#TurnOfftoTurnOn“, со која ги поттикнува своите потрошувачи да го искористат едночасовниот настан на 29 март, од 20:30 до 21:30 часот, кога светот ги исклучува светлата.
Брендот ја позиционира кампањата како глобален повик за будење со „дурекс” , со што ги инспирира паровите низ целата планета да си посветат еден час без светло и електроника, еден со друг.
Веруваме дека ништо не треба да претставува препрека на патот за водење љубов. Затоа да се одјавиме од социјалните мрежи и да ги исклучиме светлата. Тргнете ги очите од телевизорите и прегрнете ја вашата љубов. Гледајте помалку, за да почувствувате повеќе. Заедно ќе направиме „#TurnOffToTurnOn“, повикуваат од „дурекс“.
Кампањата е поддржана со емотивно видео, кое ги потенцира моментите на отсутност и зафатеност со својот паметен телефон, иако партнерите се еден покрај друг, како и среќата од повторното поврзување.
Краткиот филм беше инспириран од истражување спроведено во Велика Британија, кое откри дека третина од анкетираните велат дека технологијата им е буквална пречка во нивниот сексуален живот.
– Глобалната опсесија кај луѓето со технологијата поточно паметните телефони, лаптопи, телевизори и таблети не прават асоцијални. Денот на планетата Земја е одлична кампања за да се пренесе пораката да делуваме, да ја заштитиме земјата и да водиме љубов цел ден. Време е сите да ги исклучиме светлата за да се возбудиме – изјави Уконва Ојо, маркетинг менаџер на брендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)