Кеи Нишикори е еден од ретките тенисери што имаат позитивен скор против најтрофејниот на сите времиња, Роџер Федерер, а јапонскиот самурај води со 2-1, по вчерашната победа од 3-6, 7-5, 6-4 во Мајами.
Нишикори е еден од најголемите надежи на светскиот тенис, а го презентираше раскошниот талент против Федерер, особено во вториот и во третиот сет. Противник во полуфиналето на 24-годишниот Јапонец ќе му биде Новак Ѓоковиќ.
Српскиот ас со 2-0 во сетови го елиминира Енди Мари и ќе се обиде да направи подвиг и да ги спои двете американски титули во Индијан Велс и Мајами, на два турнири од мастерс серијата 1000. Меѓусебниот биланс на Новак и Кеи е 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


