| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница за планирање активности и мерки на занаетчиски организации

pesevski_g_5

„Планирање на активности и мерки на една занаетчиска организација“, е темата на денешната Меѓународната работилница во рамки на проектот
„Западен Балкан“, на која ќе се обрати вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.
Занаетчиската комора на Република Македонија во своите заложби за развој на занаетчиството како важен сектор од стопанството во нашата земја, која има долга традиција, потенцијал и можности, силно работи и на јакнење на соработката со други исти или слични организации на малите и средните претпријатија и занаетчиството од Југоисточна Европа и посебно Германија.
Соработката со германската Занаетчиска комора „Кобленц“ е повеќегодишна во форма на проекти кои се финансирани од страна на германската влада преку Сојузното министерство за стопанска соработка и развој на Германија и спроведувани преку Комората од Кобленц.
Еден од резултатите на повеќегодишната соработка е формирањето Балканската канцеларија за мало стопанство и занаетчиство во која членуваат партнери организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Молдавија, Романија, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Албанија и Германија.
Република Македонија оваа година е домаќин на годишното Собрание кое ќе се одржи денеска, а на кое ќе присуствуваат повеќе од 30 претставници на занаетчиски организации и здруженија од регионот. Присутните ќе ги дефинираат своите идни заеднички активности во рамки на проектот „Западен Балкан“, финансиран од германската влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top