| четврток, 6 декември 2018 |

По киксот на Реал, Атлетико е нов лидер

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се вратија на врвот во Примера откако синоќа ја совладаа екипата на Гранада со резултат 1-0. „Јорганџиите“ на најдобар можен начин го искористија киксот на Реал, кој беше поразен на гостувањето кај Севилја со резултат 2-1.

Од самиот почеток на натпреварот на „Висенте Калдерон“, Атлетико беше подобар ривал, но дури во 63. минута успеа да најде решение за одбраната на гостите. Диего Коста, по корнерот што го изведе Соса, конечно успеа да го совлада голманот Роберто за конечни 1-0.

По поразот во Ел Класико од Барселона, Реал доживеа уште еден неуспех на гостувањето против Севилја.

Кристијано Роналдо во 14. минута го донесе Реал во водство од 1-0 со гол од слободен удар. Само четири минути покасно Севилја преку Карлос Баке го израмни резултатот. Баке по одличната асистенција на Ракитиќ повторно беше прецизен за целосен пресврт на домаќините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top