| четврток, 6 декември 2018 |

Американски разузнавачи: Русија во секој момент може да изврши инвазија на истокот на Украина

ruska-vojska

Разузнавачките американски служби го известиле и претседателот на САД, Барак Обама, дека има многу поголема можност од што досега се веруваше за инвазија на источниот дел на Украина.

До ваков заклучок е дојдено врз основа на алармантните симптоми што се појавиле во последните четири дена, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Разузнавачките служби обезбедиле доверливи информации од Луганск, Донецк и од Харков, а не ја исклучуваат можност руската војска да заземе територии и во балтичките земји.

Командантот на силите на НАТО, Фили Бредлов, ги известил американските конгресмени дека концентрацијата на руски сили во граничниот појас со Украина е повеќе од доволен за извршување инвазија.

Според разузнавачките информации, во областа Ростов на Дон, во курската област и во Блегород има повеќе од 30.000 војници со моторизирани единици подготвени за брза стрелба. На ова се додава и високото ниво подготвеност за мобилизација на единиците од внатрешноста на Русија, наведуваат американските разузнавачи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top