
Воздушната и поморската потрага по патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ е прекината поради лоши временски услови, соопштија малезиските власти.
Невремето што го зафати јужниот дел на Индиски Океан дополнително ги намали шансите за пронаоѓање на остатоците од авионот, кој, наводно, се гледал на новите сателитски снимки.
Меѓународната потрага во која учествуваат 11 авиони и пет бродови тргнала кон местото на кое се претпоставува дека се остатоците снимени од француски сателит на почетокот на неделата.
– Временската прогноза за тоа место предвидува голем студ, големи турбуленции и речиси никаква видливост – изјавил американскиот офицер Адам Шантц кој го води тимот на американски авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
На аеродром во Малезија запленети 18 рогови од носорози
-
Од следната сезона Малезија ќе ја нема во календарот на Формула 1


