| четврток, 6 декември 2018 |

Мини-конгрес во моментов е во тек во седиштето на СДСМ?

Состанокот е пред истекот на рокот кој е до утре, до кога опозицијата мора да ги поднесе кандидтските листи доколку сака да учествува на локалните избори

sdsm
Мини-конгрес во моментов е во тек во седиштето на СДСМ на Бихаќка, јавува press24 повикуваќи се на партиски извори. Според информациите, на состанокот во централата на најголемата опозициска партија покрај членовите на највисоките партиски тела, приустни се и сите претседатели на општинските организации на партијата низ Македонија.
Се разговара за тоа какви да се позиционира партијата откако денеска владејчката ВМРО-ДПМНЕ не го пормени ставот во врска со барањата на Црвенковски, да се одложат локалните избори и да се гарантира организиација на предвремени парламентарни избори доколку опозициската коалиција освои повеќе гласови на советничките листи.
Состанокот е на нешто повеќе од 24 часа пред истекот на рокот во кој опозицијата мора да ги поднесе кандидтските листи доколку сака да учествува на локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top