Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски денеска на жителите на Долни Дисан, Тимјаник им вети дека ќе биде активно вклучен во рашавањето на проблемите на граѓаните.
-Но за да ги промениме работите на подобро, ние мора да ја промениме власта. Таа власт којашто со субвенции купува гласови, а не го помага земјоделството, рече Пендаровски.
Во Градско пак на луѓето им посочи дека во неговиот концепт граѓанинот е на пиедестал. Тој рече дека улогата на претседателот на државата е да биде дел од сите процеси во државата, со голема одговорност кон интересите на граѓаните. Да биде секогаш на страната на граѓаните.
-Зад параванот секој е сам. Секој може да гласа за тој во кој верува. Сум бил претседател на Државната изборна комисија, ве уверувам дека вашиот глас зад параванот, кога сте сами со себе, е заштитен. Вие одлучувате, им рече Пендаровски на граѓаните.
Во Неготино пак нагласи дека само со Македонија слободна и демократска, можеме да ги оствариме нашите цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.