| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ќе биде моќна машинерија, од лето 2015 година сигурно доаѓаат Карабатиќ и Кирил Лазаров

Ракометниот клуб Вардар ќе биде моќна машинерија од следната сезона, а особено од летото 2015 година кога за „црвено-црните“ ќе игра двоецот на Барселона, Никола Карабатиќ и Кирил Лазаров. Според информациите на „Република“, трансферите на капитенот на македонската репрезентација и на извонредниот француски репрезентативец се веќе договорени и тие прифатиле да го носат црвено-црниот дрес.

Пред нив како најава за тимот од соништата што го подготвува Вардар и како што веќе беше објавено од повеќе медиуми во нашата земја, „црвено-црните“ летово ќе се засилат и со Арпад Штербик и со Данил Шишкарев. Со левиот бек на Рајнекар Левен, Сергеј Горбок, е потпишан договор до 2018 година и тој ќе игра за македонскиот шампион во следниот период. Како што ексклузивно објави „Република“ на крајот од оваа сезона во Вардар доаѓа и хрватскиот бомбардер Блаженко Лацковиќ од Хамбург.

Се преговара и со шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа, но засега ангажманот на десниот бек на Нант не е завршен, а вистинска бомба се подготвува за летниот преоден рок во 2015 година. Тогаш во Вардар доаѓаат Карабатиќ и Лазаров, што ветува дека „црвено-црните“ ќе имаат тим и за напад на европската круна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top