| четврток, 6 декември 2018 |

Штип ќе добие јавен градски превоз

автобуси

Штип ќе добие јавен превоз. Kомисиите на Советот на општина Штип почнаа со усвојување на измените на одлуката за линиски превоз на патници со кои се предвидува воведување јавен градски превоз во општината.

Со измените се предлага концесионерот, кој ќе биде избран преку јавен оглас, да го реализира превозот со возила за минимум 16 патници, плус едно.

– Предвиден е и тарифник и систем за наплата, кој ќе биде единствен тарифен систем. Со измените е предвидено да се издава билет, да се даваат претплатнички билети и превозникот сам да го донесува ценовникот, но по претходна согласност на Советот на општина Штип – изјави Соња Китанова од Одделението за комунални дејности.

Таа појасни дека во измените е предвидена и можност општината да го субвенционира билетот за јавен градски превоз.

Откако предлог-измените ќе бидат усвоени од страна на Советот на општината, локалната власт и градоначалникот ќе можат да почнат со постапката за воведување јавен градски превоз. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top