| четврток, 6 декември 2018 |

Во Ресенско застрелан волк тежок 70 килограми

volk-455

Во атарот на селата Сливница и Крани, на брегот на Преспанското Езеро изутрината е убиен волк тежок 70 килограми.

Волкот го застрелал Оливер Костовски од Сливница, кој одејќи кон езерото го забележал животното како излегува од трските.

– Кога го забележав волкот единствена помисла ми беше, како да го убијам овој крволочник, кој често прави штета кај овчарите. Знаејќи какво животно е морав брзо да реагирам, рече Костовски.

За убиениот волк Костовски ќе добие награда од 2.500 денари од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top