Државна лотарија на Македонија продолжува во свој дух, да ги радува среќните играчи. Во име на денот на шегата, со задоволство Ве покануваме на магија, додека уживате во вашата семејна игра Бинго Бум.
Првоаприлското Бинго Бум ќе биде дел од емисијата Време за среќа во понеделник 31.03.2014, по 20:30 на МТВ 1. Државна лотарија на Македонија ова извлекување ќе го реализира во забавна атмосфера под маски заедно со препознатливата Марјана, убавата Маја и секогаш интересниот Викса. Многу забава и предизвици за добивки ве очекуваат и во овогодинешното првоаприлско издание на Бинго Бум. Подгответе се за уживање во магичните моменти.
Првоаприлското Џамбо Бинго ќе донесе можност за автомобил Пежо 208 до 90тиот број во категоријата Џек Пот линија. Покрај оваа добивка, имате можност и за премијата Макси Џамбо од 2.000.000 денари, но и многу други вредни добивки.
Уплатата за ова специјално коло Бинго Бум веќе е во тек низ сите продажни места ширум Македонија, обележани со знакот „Среќно место“.увствувајте магија, забавувајте се под маски, со Првоаприлското Бинго Бум. Понеделник 31.03.2014, МТВ1, 20:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


