| четврток, 6 декември 2018 |

Трибина за книжевноста за деца во Библиотеката „Браќа Миладиновци“

Утре напладне во Спомен- собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе продолжат   книжевните разговори посветени на тема: „Актуелниот миг во современата македонска книжвност за деца“ ќе учествуват: Весна Мојсова Чепишеска, Горјан Петревски, Стојан Тарапуза, Велко Неделковски, Александар Кујунџиски, Оливера Николова, Косара Гочкова, Киро Донев, Наум Попевски, Бистрица Миркуловска, Славка Арсова…

Тези за разговорот ќе бидат: Колку во Република Македонија се објавува литература за деца и со каков квалитет е таа? Дали постои хиперпродукција или стагнација во објавувањето на детската литература? Каков е стаусот на писателот за деца кај нас? Зошто се помалку има млади писатели кои пишуваат за деца од предшколска возраст и за деца од основното образование? Какви дела за деца и млади се преведуваат кај нас и дали изборот е добар? Каков е квалитетот на преводот на тие дела?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top