Проект наменет за лица од социјално загрозените семејства почна да се реализира во рамки на активностите за општествена одговорност на
Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст-Охрид.
Во рамки проектот, соопштија од Универзитетот, учениците на возраст од 16 до 18 години, од таа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат.
На тој начин, како што се наведува, се отвора можност кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при нивно вработување или отворање сопствен бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.