| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатни услуги за оштетените од телеком

Корисниците на Македонски Телеком кои имаа прекин на услугите во текот на завчерашниот ден како последица на невремето, во јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.

– Корисниците на MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold. Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет, соопштуваат од компанијата.

Двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на Magenta 1 Business пакетот и Business Mobile услугите. Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top