| четврток, 6 декември 2018 |

Децата израснуваат во агресивни луѓе поради насилните видеоигри

deca igri

Децата израснуваат во агресивни луѓе поради насилните видеоигри, покажа новата студија. Утврдено е дека насилните игри влијаат на психата на децата и на нивното однесување кога децата ќе пораснат, бидејќи тие усвојвуаат „насилно однесување“. Овој ефект е утврден без разлика на возраста, полот и општественото опкружување на децата, пренесува „Дејли меил“.

Студијата е спроведена на Универзитетот во Ајова (САД) и покажала дека мозочните процеси не прават разлика меѓу учење математика на пример и свирење клавир.

– Ако нешто вежбате постојано, на тој начин ќе го сочувате знаењето во својата глава. Ако не сте свиреле клавир со години, тогаш не можете да отсвирите нешто како треба во одреден период од животот. Исто е и со насилните игри. Ако стекнете практика дека секогаш треба да внимавате на непријателот, тоа ќе се одрази на вашете однесување – велат научниците кои ја спровеле студијата за видеоигри.

Во студијата се објаснува дека децата кои со месеци и години играат насилни игри стекнуваат начин на однесување со кој на провокациите треба да се врати агресивно. Тоа нив ги прави насилни луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top