Вторник носи поголемо наоблачување во земјата, пред се во западниот крај. Оваа облачност уште наутро во западните краеви ќе донесе врнежи од релативно слаб дожд. Во централните и југоисточните региони променливото време е донесе повремени сончеви периоди, но и повремен слаб дожд. Повеќе облаци и повремен слаб дожд се очекува во повисоките места во источниот дел од земјата. Ќе дува претежно слаб југоисточен ветер.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе биде во дијапазонот помеѓу 10°С и 14°С во поголем дел од населените места.
Во Скопје се очекува променливо време со повремени сончеви периоди, но и со повремен релативно слаб дожд. Ќе дува претежно слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С, а максималната околу 13°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.