| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер сити победи во градското дерби и е се поблиску до врвот во Англија

Во градското дерби во Манчестер тимот на Сити победи против Јунајтед со 3-0. Агонијата на Јунајтед во англиската премиер лига продолжува и тимот на Дејвид Мојес е се подалеку од место кое води во европските купови.
Со доаѓањето на Мојес ова лето на клупата на тимот од Олд Трафорд Манчестер Јунајтед ги сруши речиси сите негативни рекорди. Овој пат го прими најбрзиот кол во историјата на „црвените ѓаволи“ на својот стадион.
Стрелец беше босанскиот репрезентативец Един Џеко кој успеа да посигне гол во 44 секунда од натпреварот.
Натпреварот изобилуваше со борбена игра на двата краја од теренот, но без стопроцентни шанси.
Сити дојде да победи и со тоа да се доближи до Челси кој е лидер на табелата со 69 бода. Тоа им успеа на избраниците на Мануел Пелгрини бидејќи покрај голот што Џеко го постигна во 44 секунда, тој беше стрелец и во 56 минута. Конечниот резултат го постави Јаја Туре во финишот од мечот. Сега Манчестер Сити заостанува зад Челси само три бода, но има и два натпревари помалку зад тимот од Лондон.

Во останатите два натпревари Арсенал одигра само 2-2 на свој терен против Свонси и се чини полека ја губи битката за титулата. Евертон рутинирано славеше против Њукасл на гостински терен со 3-0.


Edin Dzeko Goal ~ Manchester United vs… by bruceblack0106

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top