| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците муслимани секогаш ќе добиваат високи позиции во ВМРО – ДПМНЕ

 

vmro-vo-ohrid-12Македонците муслимани секогаш ќе добиваат високи позиции во партијата порача лидерот на ВМРО – ДПМНЕ на вечерашниот собир во Струга.

Премиерот Груевски изјави дека на овие избори тие ќе имаат најмалку два пратеници а од предходно за прв пат во историјата во највисокото тело на владеачката партија Иввршниот комитет е избран Македонец со мислиманска вероиповест.

– Независно дали се нарекуваат Македонци муслимани, торбеши или во последните години се нарекуваат Албанци или Турци , тоа се оние наши луѓе со кои што се среќавам често а живеат во многу региони од Македонија, кои што со децении наназад биле заборавани и многупати разочарани за време на комунизмот и потоа. Тие веруваа во СДСМ но нинвата надеж беше згазена, потоа веруваа во други кои што им ветуваа но ништо не добија. Некои подоцна се нарекоа Торбеши и Албанци и јас тоа го почитувам тоа е човеково право и во тоа не се мешаме. Но ветувам дека ВМРО – ДПМНЕ  ќе се вмеша во подобрување на нивниот живот , тоа го разговараме и во партијата и во владата. И затоа започнавме со подготовки на многу нужни проекти. Се работи за луѓе кои што заслужуваат да имаат свои пратеници во Собранието на РМ, потенцираше Груевски.

– Тие се разочарани од СДСМ, ПЕИ, сега и ДПА сите нешто им ветуваа и тие ги даваа нивните гласови во минатото. НО сакам да ви кажам дека сега и да не дадат ниту еден глас за ВМРО ДПМНЕ ние ќе го завршиме тоа што тие го заслужуваат, да создадеме услови за подобар живот. Нема да можеме веднаш да смениме се но ќе продолжиме да работиме во овој правец,  процесот е неповратно започнат, порача Груевски од бината во Струга.

– Се работи за наши луѓе исто како и сите други Македонци , Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци и сите други други граѓани , наши граѓани, вели Груевски.

ВМРО – ДПМНЕ работи за сите граѓани , порача премиерот Груевски од Струга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top