Денеска попладне непосредно пред почнувањето на предизборниот митинг на владејачката партија во Струга премиерот Груевски добил потврда дека наскоро на брегот на Охридско Езеро ќе почне голема странска инвестиција.
Груевски објави дека инвеститорот е позната компанија од Германија активна во автомобилската индустрија.
Во фабриката што треба да се гради во струшко-охридскиот регион ќе бидат вработени стотици граѓани на Струга, Охрид и околните населени места.
Премиерот потсети дека на последните локални избори во Велес најавил слична инвестиција во овој град, а сега таму се вработени стотици луѓе.
– Така ќе биде и во Струга и во Охрид поради тоа што Владата има добра политика и соодветно ги спроведува во интерес на граѓаните – порача премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


