| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски барал амбасадорско место за Пендаровски за да му врати за изборите во 2004

груевски струга

Од предизборниот митинг на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ вечерва во Струга претседателот на партијата и премиер Никола Груевски откри малку познати информации во јавноста за врската меѓу екс претседателот Бранко Црвенковски и кандидатот на опозицијата Стево Пендарвоски.

Груевски потсети дека во 2007 година заедно со тогашниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски разговарале со Црвенковски за распределба на амбасадорските позиции меѓу владата и претседателот на државата.

Тогаш Црвенковски како дел од кохабитацискиот договор побара само две места во дипломатијата за него.

Првото барање се однесувало на Стево Пендаровски кој како што рекол Црвенковски многу го задолжил на лично ниво и затоа требало да оди во Брисел , и второто за екс премиерот Владо Бучковски кој требало да замине за амбасадор во Лондон.

Со тоа според ВМРО – ДПМНЕ   Црвенковски директно признал дека тој има долг кон  тогашниот претседател на ДИК Пендаровски за верифицирањето на фалсификуваните избори за претседател во 2004.

Во неколку наврати предходно владеачката партија реагирала за потврдените нерегуларности на изборите на кои победи Црвенковски со потписот на сегашниот кандидат Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top