
Како што беше најавено, Астероидот 2012 DA14, помина покрај Земјата на растојание од 28.000 километри, што претставува рекорд на астероид да се приближи на нашата планета.
Експертите со денови ја смируваа јавноста дека ова свемирско тело нема да ни наштети, но по трагичните настани во Русија имаа дополнителни проблеми да ја згаснат “паника”.
Да потсетиме, 2012 DA14 со големина од половина на фудбалски терен, ќе се врти во близина на нашата орбита од година во година, а штетата што можеше да ја направи е незанемарлива, бидејќи ако дојдеше до удар, може да уништи град со големина како Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


