| четврток, 6 декември 2018 |

Се срами ли СДСМ од своите кандидатски листи?!

sdsm2

Што се случува со кандидатските листи на СДСМ? Листата со кандидатите за пратеници се држат подалеку од јавноста. СДСМ на својот сајт не ги објави листите со тие што ќе се борат за пратеничко место. Единственото нешто што е поврзано со листите што беа усвоени во неделата, а е објавено на сајтот на СДСМ, е информацијата за едногласна поддршка. Каде се имињата на лицата? На „афирмираните“ луѓе на листите на СДСМ.

Се срами ли самата партија од имињата што ги понуди  – стари и компромитирани кадри, меѓу кои има и такви зад кои се провлекуваат сериозни афери? Или, можеби, спискот ќе претрпи измени поради што партијата не го објавува на својот портал?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top