| четврток, 6 декември 2018 |

Коњановски: Нема да биде поштеден никој што ќе си игра со земјоделците

konjanovski-zoran
– Нема да биде поштеден никој што ќе си игра со маката на лозарите и на земјоделците – порача денеска од Кавадарци заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, во Кавадарци.
Коњановски имаше средба со лозарите кои си ги бараат парите за неплатеното грозје од винарските визби „Винеа“ и „Џумајлија“ во претходните неколку години.
– Цело време настојуваме да помогнеме. Се намалува бројот на лозари кои имаат вакви побарувања. Мило ми е бидејќи нашите напори вродуваат со плод. Ќе притиснеме секаде каде што можеме за побрзо да се исплатат заостанатите долгови кон лозарите, но нема да се мешаме таму каде што постапките се водат судски – нагласи Коњановски.
Според него, еден од откупувачите кој откупувал грозје за „Винеа“ тврдел дека винаријата му немала платено иако визбата му платила за грозјето.
Претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Кавадарци, Љупчо Аризанов, рече дека преку 80 проценти од побарувањата од „Винеа“ се исплатени. Се прават напори во најскоро време да се плати и остатокот од парите кои ги очекуваат лозарите од „Винеа“ и од „Џумајлија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top