| четврток, 6 декември 2018 |

Брилијантно деби на Дрогба, даде гол и асистираше за победа на Галатасарај

Дидие Дрогба имаше брилијантно деби за Галатасарај и со гол и асистенција се претстави во вистинско светло во дресот на турскиот гигант. Галатасарај го победи фенерџијата Беледие со 2-1.

Дрогба, по многу перипетии во зимскиот преоден рок мина од кинескиот Шангај Шенхуа во Галатасарај, а инвестициајта на Турците почна да се враќа.

Дрогба беше резерва и влезе во игра по еден час игра, и за кус период прикажа деке е врвен велемајстор на фудбалската игра. Веднаш по само 5 минути на теренот Дрогба во 68. минута даде гол со глава, а потоа за 2-0 му асистираше на Јилмаз. Домаќините успеаја само да намалат на 1-2, и останаа на дното на табелата.

Галатасарај е лидер на табелата со 43 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top