Парламентот на Украина не ја прифати оставката на својот претседател Олександар Турчинов. Во гласањето не учествуваа само два пратеника.
Турчинов кој е и в.д. претседател на Украина поднесе оставка како претседател на парламентот откако лидерот на партијата УДАР Виталиј Кличко, нагласи дека може да се постави прашање за негово сменување.
– Гледаме дека акциите на министерот за одбрана се неефективни. Треба да се спроведат консултации за тоа прашање во рамки на коалицијата. Ако се продолжи на ваков начин, може да го поставиме прашањето и за смена на претседателот на Врховната рада – нагласи Кличко.
Претходно денеска, пратениците прифатија оставка на министерот за одбрана Игор Тенјух дадена поради критиките за начинот на кој се справува со кризата во Крим. За нов в.д. министер за одбрана назначен е генерал-полковник Михајло Ковал кој е на служба во Крим. Тој беше кусо приведен од проруските сили во почетокот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.