| четврток, 6 декември 2018 |

Раскол во ДУИ во ИЕ 5

drini dui

Раскол меѓу раководството и членството на ДУИ во изборната единица 5. Несогласувањата се јавиле поради незадоволството кај локалните членови од номинирањето на Муса Џафери за носител на листата за ИЕ5, како и поради назначувањето на Блерим Беџети од скопско Сарај за координатор на таа изборна единица.

Поплаките до раководството биле упатени во Охрид за време на отворањето на канцеларија на изборниот штаб. Поради незадоволството од односот на првите луѓе на партијата, главниот оперативец на ДУИ во ИЕ5, Недим Положани, го бојкотирал состанокот заедно со целото партиско членство од Струга.

Информацијата за кавгата во ДУИ ја потврдил Положани за порталот drini.mk:

– Вистина е дека јас и некои членови не присуствувавме на отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Охрид. Некои работи не се расчистени и сѐ уште постојат несогласувања со ставовите на централата. Некои одлуки кои беа донесени од раководството на партијата предизвикаа реакции од членовите на партијата во Охрид кои бараа од мене да интервенирам за решавање на ситуацијата. Разговарав со врвот на ДУИ и се надевам дека сѐ уште има време да се надминат несогласувањата – изјави првиот човек на ДУИ во Охрид, Недим Положани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top