| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна театарска претстава „Апел за…“

1902932_10203378529720824_2062946286_n

На 29 март, сабота (15 часот), во Драмски театар во Скопје ќе се одржи хуманитарна театарска претстава „Апел за…“

Театарската претстава ќе биде изведена од средношколци и студенти, кои преку оваа претстава ќе го кренат својот глас против дискриминација, насилство и омраза. Претставата е направена во рамки на инцијативите на Националната кампања против говор на омраза, а воедно е и придонес кон одбележување на Неделата на европски акции.

Повод за е собирањето средства за да се подобрат животните услови на социјално загрозените семејствата што го посетуваат Советодавниот центар за родители и деца Гази Баба при СОС Детско село.

Текстот и режијата се на Марина Лотеска, а во претставата играат Сања Николовска, Сара Локвенец, Дарко Поповски, Марија Коцевска и Томислав Давидовски во главните улоги, како и другите членови од ДКЦ С’клет при СУГС „Георги Димитров“.

Цената на билетот е 100 денари, а влезниците ги има во претпродажба на билетарницата на Драмски театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top