| четврток, 6 декември 2018 |

Надал како фурија, за 59 минути го преслуша Истомин

Рафаел Надал одигра фуриозно во второто коло на турнирот од мастерс серијата во Мајами и за само 59 минути го декласира Денис Истомин.

Резултатот е убедлив, а Узбекистанецот освои само еден гејм и загуби со 1-6, 0-6. Интересно е што во експресната победа на шпанскиот ас, тој во еден момент доби предупредување од главниот судија да сервира побрзо.

Во следната рунда ќе играат и Џон Иснер кој сервираше 17 аса во победата над Николас Алмагро, потоа и Раониќ, Долгополов, Бекер, Вавринка, Фоњини и Бердих.

Во женска конкуренција испадна една од најтрофејните во историјата на тенисот, Венус Вилијамс. Подобра од неа во 3 сета беше Доминика Цибулкова.

Во следното коло е и Марија Шарапова, иако не играше добро. Против незгодната Кирстен Флипкенс, Марија победи со 3-6, 6-4, 6-1, а направи дури 10 двојни сервис грешки и 36 неизнудени промашувања.

Во дербито на колото Петра Квитова ја елиминира Ана Ивановиќ со пресврт и со серија од 12-0 во последните два сета што ги доби со по 6-0. Првиот сет и припадна на Ивановиќ со 6-3.

Во третото коло ќе играат и Серена Вилијамс, Агнешка Радванска, На Ли и Анжелик Кербер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top