| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО- ДПМНЕ и „Тим Македонија“ денеска во Струга

vmro-vo-ohrid-24Продолжуваат предизборните активности на ВМРО- ДПМНЕ и „Тим Македонија“ во претседателската кампања за барање доверба за втор мандат на досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Централниот митинг денеска ќе се оддржи во Струга, во 18 часот и 30 минути. Со овој митинг продолжува и нововоспоставената практика, предизборните митинзи да се пренесуваат со посредство на интернет. Секако, на истиот канал еден час претходно од Струга ќе започне и програма на отвореното студио, со кое ВМРО- ДПМНЕ како прва политичка партија во Југоисточна Европа, нуди нов пристап на анализи и дебати со еминентни гости, а во насока на запознавање на јавноста со програмата и пораките кои се испраќаат од предизборната кампања на ВМРО- ДПМНЕ во оваа претседателска кампања 2014.

Според агендата, предвиден е и митинг во Ресен во 21 часот, додека „Тим Македонија“ и претседателот Иванов во текот на денот ќе имаат средби со граѓаните во Лабуништа, Октиси и во Вевчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top