| четврток, 6 декември 2018 |

Нова мистерија околу „боингот 777“: авионот намерно е урнат!?

rodnini boing 777

Извори блиски до истрагата за исчезнувањето на малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот за британски „Телеграф“ тврдат дека авионот бил намерно урнат во Индиски Океан како дел од самоубиствен напад.

Истражните органи веруваат дека за сѐ што се случило со леталото не се одговорни технички причини или дефекти, туку дека станува збор за намерен чин од некој во авионот кој морал до детаљ да знае што и во кој момент прави.

На прашањето дали како можна причина за уривањето е дефект, изворот одговорил:

– Тоа едноставно никако не се вклопува. Истражителите детално го минаа цел пат на авионот сѐ до неговиот пад и веруваат дека со него управувал некој на рационален начин. До душа, мотивот за намерно уривање на авионот среде никаде и понатаму не е јасен – рекол изворот.

Малезискиот премиер Наџиб Разак вчера на прес-конференцијата, на која соопшти дека единствениот можен заклучок по неколку неделната потрага е дека авионот се урнал во јужниот дел на Индиски Океан, но не спомена никаква причина за падот.

Иако досега се забележани неколку големи предмети во областа на кој авионот најверојатно паднал, досега не е утврдено дали некој од тие делови е од леталото. Кинеските власти побарале од Малезијците детални информации за тоа како дошле до заклучок дека авионот паднал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top