Вторник носи привремено затишје на времето. Ќе има подолги сончеви периоди, но сепак во крајните западните делови од земјата облачноста ќе преовладува во текот на денот. Ќе дува претежно слаб северозападен ветер. Дневната температура ќе биде осетно пониска во однос на претходиот ден.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе биде во дијапазонот помеѓу 12 Целзиусови степени и 15 Целзиусови степени во поголем дел од населените места.
Во Скопје се очекува променливо време со сончеви периоди. Ќе дува претежно слаб северозападенен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 3 Целзиусови степени, а максималната околу 13 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.