| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев:Кој ќе биде премиер одлучува народот на избори, а не Заев или Шеќеринска

 dimitriev

– Самиот факт што СДСМ мора да објаснуваат каква порака сакале да испратат е доказ дека се свесни дека ниту некој им ја разбрал пораката, ниту откако ќе ја објаснат, некој со сериозност ќе ја земе. Има две клучни и суштински промашувања кои СДСМ ги направи. За тоа кој ќе биде премиер одлучува народот на избори, а не Зоран Заев и Радмила Шекеринска во затворен круг – изјави Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа што кукавички избегнаа од соочување со народот и можноста директно како раководство да побараат легитимитет од него, покажува каков им е алот на овие избори – рече тој, додавајќи дека луѓето кои СДСМ ги предложи на пратеничките листи не се нови.

– Тоа се истите кои претрпеа катастрофални порази во градовите од каде што потекнуваат на претходните избори – рече Димитриев.

-Сакајќи да го оправдаат бегството на раководството од пратеничките листи за кои ќе одлучува токму народот, со оправдувањето дека не сакале лица со багаж и црно минато, покажува дека токму тоа се лицата од раководството. Повторуваме, кој ќе биде премиер одлучува народот, а не одлучува Црвенковски, Заев и Шекеринска во затворен круг, нешто што и овој пат го прават, а за што гласно и без никаков респект дури и самото членство им се потсмева. Овој потег покрај тоа што има кукавичлук, има и димензија на ароганција која е карактеристична за раководството на СДСМ. За нив не е битно што мисли народот, туку тоа дека раководството се договорило Заев да биде премиер, што е најголемото промашување во историјата на политиката и потценување на народот – нагласи Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top