
По барање на Нетанјаху, секоја година од буџетот се одвојувале по 10.000 шекели, или 2.000 евра, за купување сладолед за резиденцијата на премиерот во Ерусалим. Целото 4-члено семејство на премиерот многу сака сладолед, тврди весникот.
Израелските медиуми редовно го критикуваат семејството на премиерот заради недозволено високите трошоци за живот.
Весникот коментира – колку сладоледи може да се купат за 10.000 шекели во годината, и според нивни пресметки семејството на премиерот купува околу 14 килограми сладолед месечно.
Нетанјаху реагираше веднаш и објави дека прекинува со договорот за доставување сладолед бидејќи трошоците за тоа се високи и недозволиви.
Во 2011 година, буџетот на официјалната резиденција на премиерот (чистење, облека и храна) бил 2,46 милиони шекели, односно над 500.000 евра, објави Једиот ахронот. Минималната плата во Израел е 4.300 шекели или 860 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


