Повеќе илјади Израелци денеска повторно протестираа во Тел Авив и бараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Демонстрантите носеа израелски знамиња и транспаренти на кои пишуваше „министер на криминалот“, а исто така извикуваа „Корумпирани одете си дома“.
Демонстрациите против корупцијата во Израел траат со недели. Полицијата вчера, седмипат го испита Нетанјаху по две обвиненија за корупција.
Израелскиот премиер се сомничи дека учествувал во подмитување, измама и прекршување на довербата. Нетанјаху ги отфрла обвинувањата и ги оцени како „лов на вештерки од страна на непријателските медиуми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.