„Ердоган го нападна Израел. Немам обичај да слушам лекции за морал од еден лидер кој ги бомбардира курдските села во својата родна Турција, кој испраќа новинари во затвор, кој му помага на Иран да ги заобиколи меѓународните санкции и кој ги поддржува терористите, вклучително и тие во Газа, да убиваат недолжни луѓе“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој од Париз порача дека нема да дозволи турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да му држи лекции за морал, како реакција на неговата изјава дека Израел е окупаторска држава.
Ердоган оцени дека Израел „предизвикува терор со својата полиција и војници“ и додаде дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за израелски главен град „не е во согласност со законите или правдата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.