
СДСМ не го прифати предлогот на ВМРО- ДПМНЕ за одложување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и советници за 3 до 4 дена, кој законски истекува утре. Од СДСМ остануваат на нивниот услов, одложување на локалните избори за месец дена, а доколку на истите „Сојузот на иднината“ освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ, тогаш да има предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 29-ти септември.
– Бидејќи Никола Груевски постојано тврди дека е сигурен победник на престојните локални избори, никој не може да најде логично оправдување зошто упорно избегнува да се соочи со волјата на граѓаните, а со тоа свесно инвестира во драматично продлабочување на политичката криза со крајно штетни последици за земјата, кои неминовно ќе одат исклучиво на негов товар- се наведува во соопштението од СДСМ.
На одговорот на СДСМ уследи реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
– Одбивањето на нашиот коректен предлог за продолжување на рокот за поднесување на советничките и градоначалничките листи, заедно со одбивањето на пакетот мерки, објавени од страна на претседателот Никола Груевски на 12 февруари претставува јасен сигнал дека СДСМ и Бранко Црвенковски се решени да продолжат со своите деструктивни политики, со предизвикување хаос и проблеми за Република Македонија- велат од партијата.
Оттаму изразија сериозна загриженост за постапките кои СДСМ ги влече во последниот период.
– Разочарани сме од фактот што СДСМ најавува дека нема да учествува на претстојните локални избори. За нас тоа ќе беше најдобар начин како партиите да ги соочат своите концепти- се вели во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


