СДСМ за само 24 часа испрати две различни соопштенија до јавноста околу усвојувањето на предлог-листите за пратеници на конгресот кој се одржа во текот на вчерашниот ден.
СДСМ во првото соопштение вчера ја информираше јавноста дека листите на пратеници за претходните парламентарни избори биле усвоени со огромно мнозинство.
Денеска соопштението на СДСМ вели друго. Во својата писмена реакција од СДСМ велат дека присутните членови на Централиот одбор на СДСМ дале едногласна поддршка на кандидатските листи за пратеници.
СДСМ е фатена како во 24 часа сака да ја менува реалноста.
Очигледно, ова е резултат на желбата на СДСМ да се претстави пред граѓаните како партија во која нема никави проблеми што, по сѐ изгледа, е далеку од вистината.
Додека траеше конгресот, во медиумите излегуваа најразлични информации дека конгресот се одвивал во тензична атмосфера за тоа кој да се најде на листите за пратеници на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.