Најбараниот балкански наркобос Дарко Шариќ на денешното судење против него во Специјалниот суд во Белград ги негирал обвиненијата против него за меѓународна трговија со дрога.
– Можеби малку ќе се занесам, па адвокатот ќе го искористи тоа за да каже дека сум непресметлив. Ова е масло на поранешниот режим, да ги сокријат своите крадци, а да ме наместат мене. Јас не сум згазнал ни на мравка – изјавил Шариќ во судот, а пренесуваат српските медиуми.
Тој додал дека не се чувствува виновно за ниту едно од обвинувањата. Навел и дека соработувал со многу лица кои и денес се на високи позиции.
– Најтешко ми беше за убиствата. Се појави Сретко Калиниќ и изјави дека сѐ било наредено од Шариќ. Се чувствувам како во некој американски филм – рекол Шариќ.
Српскиот наркобос беше уапсен минатата недела во Латинска Америка, по четири години бегство, откако во јануари 2010 година му беше одреден притвор и распишана меѓународна потерница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.