| четврток, 6 декември 2018 |

Дали навистина ќе се повлече Црвенковски?

И да се повлече челникот на социјалдемократите Бранко Црвенковски во мај на Конгресот, ретко кој верува дека тој ќе дозволи со партијата да раководи кадар кој нема да биде под негова контрола. Ова е впечатокот од неформалните разговори со истакнати членови од оваа партија

Branko-Crvenkovski
– Јас уште еден мандат нема да барам, без разлика дали„Сојузот на иднината“ освои еден глас плус на советничките листи или изгуби- изјави денеска лидерот на СДСМ на прашањето дали ќе се повлече од лидерската позиција на Конгресот во март, ако им биде прифарен условот за одложување на изборите на кои би учествувале.

Црвенковски кој седумпати последователно губи избори побара од новинарите да му го постават истото прашање на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груесвки.

Инаку, минатата година во јули месец, во интервју за весникот „Капитал“, потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев  најави оставка на цело раковотсво доколку партијата изгуби на локлани избори.

-Ако СДСМ ги изгуби локалните избори, не само Бранко Црвенковски, туку целото раководство ќе си понесе одговорност- рече Георгиев.

За разлика од Георгиев, Црвенковски неколку дена подоцна за  „Нова Македонија“ изјави дека ќе се повлече само ако членството го побара тоа од него.

-Целото раководство ќе поднесе оставка на редовниот конгрес во мај 2013 година, а членството ќе избере кој понатаму ќе ја води партијата- рече Црвенковски, кој сепак остави простор ако членството инсистира тој и натаму да биде лидер, да продолжи да ја води партијата.

По губењето на предвремените парламентарни избори во 2011 година, Црвенковски и понудил на Радмила Шеќеринска да го замени на челната позиција, но таа го одбила. Од СДСМ велат дека ретко кој би сакал да го наследи актуелниот престедател оти се сомневаат дека тој ќе препушти на новиот ледер во целост да раководи со партијата.
– Се плашат да не им се меша во раководењето- искоментира еден истакнат член од СДСМ во неформален разговор пред неколку месеци.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top