| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус сè поблиску до титулата

Фудбалерите на Јувентус на гости ја совладаа екипата на Катанија со резултат 1-0, додека Лацио и Милан на „Олимпико“ одиграа нерешено 1-1.

Единствениот гол на Сицилија го постигна аргентинскиот интернационалец Карлос Тевез во 59. минута. Домаќините од 68. минута играа без Бергеси, кој поради два жолти картони го напушти теренот.

Во Рим, екипите на Лацио и на Милан ремизираа со 1-1. Гостите поведоа со автоголот на Конка во 44. минута, а бодот за Лацио го донесе Гонзалес во 61. минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top