| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец е крал на стрелците во Лигата на шампионите

Ренато Вугринец е крал на стрелците во Лигата на шампионите со 75 гола, а патем беше и убедливо најефикасен во првата осминафинална рунда со 13 гола против Колдинг.

Десниот бек на Металург ја изрешета мрежата на Данците, во еден период сам беше егал со бројот на постигнати голови со целиот тим на Колдинг (10-10, 11-11) и сосема заслужено е на врвот на листата со најефикасни играчи во ЛШ. Зад него со 71 гол е Маргуч од Целје, 7о погодоци има Илиќ од Веспрем, а од останатите ракометари што играат за Вардар или Металург, во топ-10 на шестата позиција е Дибиров со 66 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top