
Со своите обиди за прекројување на границите во Европа, Русија ја отвори Пандорината кутија, изјави германскиот министер за надворешни работи .
– Не можеме да го предвидиме фактот дека Русија со реакцијата на Крим ги заобиколи темелните вредности на кои почива мирот во Европа – изјави Штајнмаер за „Велт ам Сонтаг“.
– Загрижен сум дека незаконскиот обид за промена на признати граници во нашето европско соседство, 25 години по завршувањето на Студената војна, ја отвори Пандорината кутија – нагласи тој.
Штајнмаер викендов беше во посета на Донецк, каде што ситуацијата ја оцени како секаква, само не стабилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


